📽️ Алжир го победи Јордан и го елиминира од Светското првенство

Алжирската фудбалска репрезентација го победи Јордан со 2-1 денес во Санта Клара во натпреварот од второто коло од Групата Ј и го елиминира од натпреварувањето

Прегледи:

Датум:

Алжирската фудбалска репрезентација го победи Јордан со 2-1 денес во Санта Клара во натпреварот од второто коло од Групата Ј и го елиминира од натпреварувањето.

Јордан поведе со голот на Низар Ал Рашдан во 36-тата минута, а Надир Бенбуали израмни во 69-тата минута. Победничкиот гол го постигна Амин Гуири во 82-тата минута.

Аргентина е прва со шест бода и ја обезбеди првата позиција пред осминафиналето, Австрија и Алжир имаат по три бода, а Јордан е без бодови и го заврши учеството во натпреварувањето.

Во последното коло, Аргентина ќе игра против Јордан на 28 јуни, а Алжир ќе игра против Австрија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Сасуоло го отпушти Аквилани

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло -...

📸 Хари Кејн ја освои „Златната топка“, но ФИФПРО не го смести во најдобрите 11 во светот!

Хари Кејн ја освои Златната топка за 2026 година,...

Бисерот на Барселона е „Златно момче“ – Кубарси пишува историја

Пау Кубарси ја освои престижната награда „Златно момче“ за...

Мурињо е најдобриот тренер во Примера за октомври

Четири натпревари, четири победи и признанието за најдобар тренер...