Четири натпревари, четири победи и признанието за најдобар тренер на месецот – Жозе Мурињо го одбележа октомври на клупата на Реал Мадрид.
Португалскиот стручњак беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Примера во октомври, откако Реал забележа максимален учинок во четири првенствени натпревари под негово водство.
„Кралскиот клуб“ ги победи Виљареал (1:0), Севиља (4:1), Барселона (2:1) и Расинг Сантандер (3:0).
Пелегрино Матарацо од Реал Сосиедад и Диего Симеоне од Атлетико Мадрид останаа зад nego во изборот.
По 12 одиграни кола, Реал го зазема второто место на табелата со 30 бода, три помалку од водечката Барселона.


