🎥Валверде со „хет-трик“ го уништи Сити, Реал на чекор од четвртфиналето на Лигата на шампионите

Фудбалерите на Реал Мадрид повторно покажаа зошто го носат прекарот Кралски клуб

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Реал Мадрид повторно покажаа зошто го носат прекарот Кралски клуб.

Екипата на Алваро Арбелоа вечерва го декласираше фаворизираниот Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, и тоа со убедливи 3:0.

Натпреварот на животот го одигра Уругвајецот Федерико Валверде, кој за околу 20 минути во првото полувреме постигна „хет-трик“ и ги направи дефанзивците на Сити да изгледаат смешно, кои на моменти изгледаа како распуштена армија.

Скапо платените играчи на Пеп Гвардиола не можеа апсолутно ништо да направат против вечерва десеткуваниот Реал, кој, за потсетување, не можеше да смета на неколку играчи од првиот тим, вклучувајќи го најдобриот стрелец Килијан Мбапе и Џуд Белингам.

Остана 3-0 до крајот за Реал, кој уште еднаш покажа зошто Лигата на шампионите е нивно натпреварување.

Реваншот е закажан за 17 март, но со оглед на вечерашната изведба на Сити, постои голема веројатност дури и тој натпревар да биде само формалност.

Конечни резултати од вечервашните натпревари:

Реал Мадрид – Манчестер Сити 3-0 (Валверде 20′, 27′, 42′)

Бодо Глимт – Спортинг 3-0 (Фет 32′ пенал, Бломберг 45′, Хог 71′)

ПСЖ – Челси 5-2 (Барклоа 10, Дембеле 40′, Витиња 74′, Кварацкелија 86′, 94′ / Густо 28′, Фернандез 57′)

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Билбао му одржаа лекција на Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Билбао му одржаа лекција на Атлетико...

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...