Нема да играм фудбал на 40 години, порача Мбапе

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, изјави дека не верува дека ќе може да ја повтори долговечноста на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, истакнувајќи дека е исклучително тешко да се остане на највисоко ниво повеќе од две децении

Прегледи:

Датум:

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, изјави дека не верува дека ќе може да ја повтори долговечноста на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, истакнувајќи дека е исклучително тешко да се остане на највисоко ниво повеќе од две децении.

Францускиот напаѓач зборуваше за двајцата великани на светскиот фудбал, кои сè уште настапуваат на највисоко ниво и играат на своето шесто Светско првенство, и покрај фактот дека Меси наскоро ќе наполни 39 години, додека Роналдо има 41 година.

„Нема да играм фудбал на 40 години, дотогаш ќе ме исфрлите“, рече Мбапе со насмевка, алудирајќи на критиките што често ги добивал и покрај многуте успеси во текот на кариерата, објави шпанскиот весник Марка.

Дваесет и седум годишниот фудбалер нагласи дека Меси и Роналдо се единствени примери во историјата на спортот.

„Јасно е дека Меси е најдобар во светот, исто како и Кристијано. Тие покажаа исклучителен квалитет 16 години. Јас само се обидувам да го покажам моето ниво на најголемата можна сцена“, рече Мбапе.

Францускиот напаѓач веќе го освои Светското првенство, но верува дека одржувањето на највисокото ниво толку долго е достигнување резервирано за малкумина.

Следниот натпревар на Франција на Светското првенство е против Ирак, додека Аргентина на Лионел Меси ќе се соочи со Јордан. Португалија на Кристијано Роналдо ќе игра со Узбекистан и Колумбија во преостанатиот дел од групна фаза.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Врховниот суд ја отфрли жалбата, Санти Мина осуден на четири години затвор за сексуален напад

Врховниот суд ја потврди четиригодишната затворска казна на поранешниот...

Жалбата е одбиена: Хакими мора да оди на суд за наводното силување

Највисокиот француски суд ја отфрли жалбата на мароканскиот фудбалер...

Ериксен го раскина договорот со Волфсбург, под знак прашалник е продолжувањето на кариерата

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се раздели со Волфсбург, објави...

Агаси со предупредување за Алкараз

Андре Агаси верува дека Карлос Алкараз може да победи...