Аморим го наследува Алегри на кормилото на Милан

Долгата потрага по нов тренер за Милан заврши, а клубот конечно се одлучи за Рубен Алморим, јавуваат водечките новинари во Италија

Прегледи:

Датум:

Долгата потрага по нов тренер за Милан заврши, а клубот конечно се одлучи за Рубен Алморим, јавуваат водечките новинари во Италија.

Првичниот фаворит за позицијата беше Андони Ираола, потоа најмногу се зборуваше за Оливер Гласнер, но на крајот поранешниот тренер на Спортинг Лисабон и Манчестер Јунајтед ќе биде наследник на отпуштениот Масимилијано Алегри на кормилото на „росонерите“.

Неговиот договор ќе биде за 2+1 сезони со годишна плата од 3,5 милиони евра, дополнет со бонуси за освојување трофеи и пласмани за Лигата на шампионите.

Така, 41-годишниот Аморим ќе биде третиот португалски стручњак назначен за тренер од сопственикот на клубот Џери Кардинале по Пауло Фонсека и Серхио Консеисао, кои поминаа по половина сезона во 2024/25 година.

Во меѓувреме, нов технички директор на гигантот од Милано ќе биде тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Маркус Кроше, кој ќе потпише тригодишен договор. Се очекува со себе да го донесе и Тимо Хардунг, кој ќе биде назначен за спортски директор – позиција што претходно ја извршуваше во германскиот клуб.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📷Тектонски пореметувањa на пазарот на опрема: Мбапе го напушти „Најк“ и потпиша за швајцарски бренд

Капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, направи сензационален...

Џејмс објасни зошто го избрал Ефес: Сакам да се борам за трофеи

Еден од најголемите трансфери ова лето во Евролигата е...

🎬Едвардс за Леброн: Неговите колена не можеа да го издржат студот

Ентони Едвардс уште еднаш покажа дека нема НБА ѕвезда...

Првиот список на Чави носи очекувани промени кај „лалињата“

Чави Ернандез (46) го објави списокот на играчи за...