Кузмановски разочаран: Кога играте модерен ракомет во Европа, секој треба да придонесе за да можете да победите

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, беше разочаран од играта на својот тим во дербито против Вардар синоќа, особено од бројот на технички грешки и недостатокот на континуитет во текот на 60-те минути

Прегледи:

Датум:

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, беше разочаран од играта на својот тим во дербито против Вардар синоќа, особено од бројот на технички грешки и недостатокот на континуитет во текот на 60-те минути.

„Мислам дека имавме доволно време да се подготвиме за овој натпревар и знаевме што да очекуваме. Тешко е да се игра во оваа сала. Задоволен сум од некои добри моменти во првото полувреме, кога нашата одбрана изгледаше онака како што треба, но тоа не беше доволно. За да победите во оваа атмосфера, мора да бидете доследни во текот на 60-те минути. Мора да играте со 16 играчи, секој треба да придонесе за да победите ваков тим. Кога играте модерен ракомет во Европа, секој треба да придонесе за да можете да славите победа на крајот.“

Македонскиот репрезентативец нагласи дека борбата за титулата не е завршена, но испрати и јасна порака до своите соиграчи.

„Тешко е, ќе ги истакнеме добрите моменти и ќе продолжиме понатаму. Шампионатот не се решава во еден натпревар, има уште многу за играње. Честитки до вардарци, беа подобри, но ние сè уште не сме го кажале последниот збор. Сите знаеме како да се бориме за дресот и името на Пелистер. Ќе се бориме, имаме натпревари пред нас за кои мора да бидеме максимално подготвени.“

Кузмановски беше особено остар во последниот дел од својот говор.

„Кога ќе направиме анализа, ќе видиме дека имавме мали технички грешки кои беа казнети од ривалот. Сите мора добро да размислиме колку секој играч придонесува и како треба да се бори за тимот. Некои не го покажуваат тоа. Да продолжиме понатаму, ништо не е решено“, заклучи капитенот на пелистерци.

По девет кола, „црвено-црните“ имаат максимален учинок од девет победи, додека Еурофарм пелистер имаат седум триумфи, со нерешено против Охрид во првото коло и пораз во Скопје.

Борбата за титулата шампион на Македонија продолжува, а првото големо дерби покажа дека Пелистер ќе мора да најде начин да одговори на предизвикот што го поставува актуелниот шампион.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Солскјер: Имам недовршена работа во Манчестер Јунајтед

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и легенда на клубот,...

📽️ Поранешен напаѓач на Порто и Атлетико Мадрид постигна гол по 6 години, 8 месеци и 23 дена

Емотивна фудбалска приказна доаѓа од Колумбија – Џексон Мартинез,...

Навивачите се жалат за сè, а многумина не ги знаат правилата, вели Мурињо

Реал Мадрид ја заврши работата без никакви проблеми на...

Ираола лут на судиите: Ќе им кажам на играчите да паѓаат повеќе, инаку нема пенали

Тренерот на Ливерпул, Андони Ираола, не го криеше своето...