Меси донирал 80.000 евра за обнова на регионот Мадрид по пожарите

Голем пожар избувна во регионот Сиера Оесте кон крајот на јули, а пожарот се прошири на околу 27.000 хектари во регионот Мадрид и уништи приближно 100 куќи.

Прегледи:

Датум:

Претседателката на Автономната заедница Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, објави дека Лионел Меси донирал 80.000 евра за обнова на регионот Сиера Оесте по пожарот што уништи речиси 30.000 хектари шума.

Голем пожар избувна во регионот Сиера Оесте кон крајот на јули, а пожарот се прошири на околу 27.000 хектари во регионот Мадрид и уништи приближно 100 куќи.

За среќа, во пожарот немаше смртни случаи или сериозни повреди, а службите за итни случаи имаа повеќе од 2.900 интервенции, главно поради ефектите од чадот, додека десетици илјади жители беа евакуирани.

Автономната заедница Мадрид отвори онлајн страница за собирање донации за луѓето погодени од пожарите што зафатија 17 општини во регионот Сиера Оесте, а еден од првите што одговори на хуманитарната акција беше Меси.

„Лео Меси донираше 80.000 евра за реновирање на мадридската област Сиера Оесте. Сакам да му се заблагодарам и да му кажам дека жителите на Мадрид се надеваат дека наскоро ќе го угостиме и ќе го наградиме со аплаузот што го заслужува“, изјави Изабела Дијаз Ајусо.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Врховниот суд ја отфрли жалбата, Санти Мина осуден на четири години затвор за сексуален напад

Врховниот суд ја потврди четиригодишната затворска казна на поранешниот...

Жалбата е одбиена: Хакими мора да оди на суд за наводното силување

Највисокиот француски суд ја отфрли жалбата на мароканскиот фудбалер...

Ериксен го раскина договорот со Волфсбург, под знак прашалник е продолжувањето на кариерата

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се раздели со Волфсбург, објави...

Агаси со предупредување за Алкараз

Андре Агаси верува дека Карлос Алкараз може да победи...