Модриќ: „Сè уште имам страст за фудбалот, сакам нови трофеи“

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ за прв пат јавно проговори по продолжувањето на договорот со италијанскиот клуб Милан, нагласувајќи дека донел одлука да остане во декември, но чекал да потпише за да ја провери својата физичка состојба и мотивација за продолжување на кариерата.

Прегледи:

Датум:

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ за прв пат јавно проговори по продолжувањето на договорот со италијанскиот клуб Милан, нагласувајќи дека донел одлука да остане во декември, но чекал да потпише за да ја провери својата физичка состојба и мотивација за продолжување на кариерата.

„Веќе имав во главата желба да продолжам уште една година. Можев да го потпишам договорот во декември, но не го направив тоа затоа што сакав да го слушам своето тело – морав да видам дали сè уште сум гладен за успех, дали имам иста желба и страст за играње фудбал. Одговорите на крајот беа она што го очекував: сè уште се чувствувам добро, имам страст и сè што ми е потребно за да продолжам“, рече Модриќ во интервју за италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“.

Капитенот на хрватската репрезентација, кој за еден месец ќе наполни 41 година, нагласи дека неговата одлука била силно под влијание на ставот на клубот и навивачите кон него.

„Минатата година, Милан ми покажа што сака секој фудбалер – доверба и лојалност. Клубот и навивачите беа со мене во секое време и тоа беше главната причина зошто решив да останам“.

Зборувајќи за минатата сезона, Модриќ призна дека крајот на првенството бил разочарувачки бидејќи Милан не се квалификувал за Лигата на шампионите.

„Не завршивме добро и не ја постигнавме минималната цел, а тоа е да се квалификуваме за Лигата на шампионите. Беше фрустрирачко. Жал ми е што поради повредата не можев да му помогнам на тимот во најважните натпревари на крајот од сезоната“.

Модриќ одигра 37 натпревари за Милан минатата сезона, кој заврши на петтото место во првенството.

Изјави дека неговите први впечатоци за новиот тренер Рубен Аморим биле многу позитивни.

„Верувам дека тренерот ќе донесе нови идеи и ќе се обидеме да направиме сè што ќе побара од нас. Се надевам дека ќе бидеме на иста бранова должина и дека сè ќе испадне добро.“

Модриќ, кој освои 28 трофеи со Реал Мадрид во текот на својата кариера, вклучувајќи шест титули во Лигата на шампионите, рече дека неговата мотивација не исчезнала.

„Кога првпат дојдов тука, реков дека сакам да победувам со Милан и тој сон е сè уште ист. Сакам да освојувам трофеи носејќи го овој дрес. Не знам дали е Скудетото или некоја друга титула, но мојата цел не се промени. Не дојдов тука за да се забавувам или да поминувам време. Продолжувам напред со јасен сон и цел“, заклучи хрватскиот играч од средниот ред.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Фиго за Инфантино: Најниско, измамничко и себично однесување што некогаш сум го видел

Поранешниот португалски репрезентативец и советник на УЕФА, Луис Фиго,...

Откриени детали за договорот на Салах со Трабзон – постои невообичаена клаузула

Според турскиот весник „Аксам“, Мохамед Салах се согласил на...

Атлетико Мадрид ја започнува офанзивата за Ромеро со понуда од 30 милиони евра

Откако Матео Руџери и Науел Молина беа ставени на...

Инфантино свика итен состанок на ФИФА во Мароко за да го спаси своето место

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, свика итен состанок со...