Има 41 година, во февруари 2027 година ќе наполни 42 години, освоил сè – или речиси сè, и дефинитивно поминал низ сè во фудбалот, но не сака да се откаже…
Кристијано Роналдо отвора ново поглавје со португалската репрезентација, во Лигата на нации, натпреварување во кое неговиот тим го брани трофејот.
Пред утрешниот натпревар против Велс, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот зборуваше за новиот тренер Жорге Жесус, за делото на неговиот претходник Роберто Мартинез, но и за критиките со кои често се соочувал во текот на кариерата.
Роналдо не крие дека сè уште има големи амбиции со националниот тим.
„Што би избрал прво – освојување на Лигата на нации или 1.000 гола? И двете. Сакаме да ја освоиме Лигата на нации“, рече Роналдо.
Португалија влезе во нова ера со доаѓањето на Жесус како селектор, но Роналдо особено го пофали претходниот тренер, Роберто Мартинез.
„Сакам да му честитам за сè што направи. Не му беше лесно, особено затоа што беше странец и често беше критикуван. Сега започнува нова ера со Жесус и верувам дека ќе заврши одлична работа.“
Капитенот на Португалија верува дека новиот тренер носи поинаков пристап.
„Тој е вистинскиот избор. Тој носи поинаква тактика и поинаков начин на комуникација. Сакам сè да функционира како што треба. Имам голема самодоверба, верувам дека тимот е подготвен. Имаме долг пат пред нас и верувам дека селекторот ќе биде дел од овој тим со години“, рече Роналдо.

Една од темите беа критиките со кои Роналдо се соочуваше со години, особено во медиумите.
„Не можам секогаш да бидам целосно искрен. Играм фудбал толку долго и на повеќето места луѓето ме прифатија добро. Сепак, има медиуми кои сакаат да ме напаѓаат и да се обидуваат да ме уништат. Тие немаат шанси“, рече Португалецот.
Роналдо потоа одговори во својот препознатлив стил.
„За тоа би им требало сачмарка, а дури и тогаш би избегнал куршум. Навикнат сум на такви работи.“
Зборувајќи за ставот на навивачите на одредени португалски клубови кон него, Роналдо направи споредба помеѓу Порто и Лисабон.
„Во Драгао можев да го разберам тоа поради соперништвото. Во Луж не, затоа што прочитав дека очигледно не ни е дозволено да играме таму. Но, ако неколку луѓе не ме сакаат, тоа воопшто не ме загрижува“, заклучи Роналдо.


