Алжирската фудбалска репрезентација го победи Јордан со 2-1 денес во Санта Клара во натпреварот од второто коло од Групата Ј и го елиминира од натпреварувањето.
Јордан поведе со голот на Низар Ал Рашдан во 36-тата минута, а Надир Бенбуали израмни во 69-тата минута. Победничкиот гол го постигна Амин Гуири во 82-тата минута.
Аргентина е прва со шест бода и ја обезбеди првата позиција пред осминафиналето, Австрија и Алжир имаат по три бода, а Јордан е без бодови и го заврши учеството во натпреварувањето.
Во последното коло, Аргентина ќе игра против Јордан на 28 јуни, а Алжир ќе игра против Австрија.


