Асвел донесе уште едно големо НБА засилување

Асвел продолжи да составува искусен тим за новата сезона, а најновото засилување на францускиот клуб е Џеј Краудер, долгогодишен НБА играч со повеќе од 900 натпревари во најсилната лига во светот

Прегледи:

Датум:

Асвел продолжи да составува искусен тим за новата сезона, а најновото засилување на францускиот клуб е Џеј Краудер, долгогодишен НБА играч со повеќе од 900 натпревари во најсилната лига во светот.

Краудер денес официјално стана нов член на Асвел, каде што ќе се придружи на тим кој влегува во новата сезона со неколку искусни играчи со НБА искуство.

По доаѓањето на Пати Милс, уште едно познато име доаѓа во Вилербан. Краудер пристигна во НБА лигата во 2012 година како 34-ти избор на драфтот, а во текот на својата кариера го носеше дресот на Далас, Бостон, Кливленд, Мајами, Фeникс и други клубови.

Тој стекна посебно искуство во плејофот, во кој одигра дури 115 натпревари. Двапати стигна до големото финале – во 2020 година со Мајами и една година подоцна со Фeникс.

Краудер во текот на својата НБА кариера имаше просек од 9,3 поени и 4,2 скока по натпревар. Последен пат играше за Сакраменто Кингс, за кои одигра девет натпревари во сезоната 2024/25.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Хауард пред заминување од Басконија, преговара со Зенит

Еден од најдобрите бекови во Евролигата, Маркус Хауард, наскоро...

Втора последователна победа на Верстапен, Антонели се поблиску до титулата

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз на...

Џошуа: Поблиску сум до мојата најдобра форма отколку Тајсон Фјури

Ентони Џошуа е убеден дека е поблиску до најдобрите...

UFC Vegas 122: Четири борци добија бонуси од 100.000 долари

UFC додели вкупно 525.000 долари бонуси по гала вечерта...