Хамилтон и Пал првите странски засилувања за Соколи

Првото странско засилување и првиот Американец во KK Соколи 1933 - Штип е Кам Хамилтон. Плејмејкерот од Шарлот, Северна Каролина, во тимот пристигнува со богато меѓународно искуство и настапи во САД, Албанија, Кипар и Полска

Прегледи:

Датум:

Првото странско засилување и првиот Американец во KK Соколи 1933 – Штип е Кам Хамилтон. Плејмејкерот од Шарлот, Северна Каролина, во тимот пристигнува со богато меѓународно искуство и настапи во САД, Албанија, Кипар и Полска.

Во сезоната 2025/26, настапувајќи во полското првенство, Кам бележеше импресивен просек од 19,9 поени, 5,7 скока, 3,8 асистенции и 2,5 украдени топки.

Според тимот, тој е играч кој ќе носи енергија, динамика и агресивност на двете страни од теренот, но и способност да преземе одговорност кога топката е најважна.

Што се однесува до Џеј Пал, станува збор за атлетично крило високо 206 сантиметри, кое зад себе има богато NCAA искуство настапувајќи за Jacksonville State, Campbell и реномираниот San Diego State.

Професионалната кариера го однесе во Грузија, Белгија и Мексико, а во сезоната 2025/26 за Frayles de Guasave бележеше просек од 13,2 поени и 5,5 скока. Пал, според тимот, треба да биде значајна сила во штипскиот состав.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Што значат илјадниците банани од навивачите на Сити во дербито со Ливерпул?

Навивачите на Манчестер Сити денес донесоа надуени банани, еден...

Хамилтон ја презема вината за неуспешната стратегија на Ферари во Сингапур

Стратешка грешка за време на Големата награда на Сингапур...

Премиер лига: Палас го победи Нотингем, Хал и Евертон ремизираа

Кристал Палас го победи Нотингем Форест со 3-1 дома...

Лацио ја победи Монца и се израмни со Интер на врвот

Фудбалерите на Лацио ја оправдаа својата улога на фаворити...