Никс на победа од финалето на НБА

Њујорк Никс поведоа со 3-0 против Кливленд во финалето на Источната конференција по победата од 121-108 на гости синоќа

Прегледи:

Датум:

Њујорк Никс поведоа со 3-0 против Кливленд во финалето на Источната конференција по победата од 121-108 на гости синоќа.

Само на една победа од пласман во нивното прво финале во НБА од 1999 година, Никс беа предводени од Џејлен Брансон (30), Микал Бриџис (22), Оги Ануноби (21), Ландри Шемет (14) и Карл-Ентони Таунс (13).

Никс станаа седмиот тим во историјата на НБА што победил во најмалку 10 последователни натпревари од плејофот. Последниот тим што го стори тоа беше Бостон, кој исто така победи на 10 натпревари на патот до титулата во 2024 година.

Сите победи на Никс, освен една, беа со двоцифрена разлика.

„Само треба да се фокусираме на задачата што ја имаме. Натпреварот заврши и најдовме начин да победиме. Мора да играме на високо ниво во четвртиот натпревар“, рече Ентони Таунс.

Никси водеа со 37:27 по првите 12 минути, потоа го задржаа водството до полувремето (60:54), а во средината на третата четвртина, поведоа со серија од 8:1 и поведоа со 83:70. Гостите водеа со 91:82 на крајот од третата четвртина, а на играта практично стави крај Шемет, кој погоди три тројки за 99 секунди и им донесе водство на Никс од 105:91.

Најефикасни играчи во тимот на Кливленд беа Еван Мобли со 24 и Донован Мичел со 23 поени, додека Џејмс Харден постигна 19 поени.

Четвртиот натпревар од оваа серија ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник во Кливленд.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...