Олимпијакос и Ниликина го раскинaa договорот

Францускиот кошаркар Франк Ниликина повеќе не е играч на Олимпијакос, објави грчкиот клуб. Ниликина се пресели од Партизан во Олимпијакос во септември минатата година, кога потпиша двегодишен договор.

Прегледи:

Датум:

Францускиот кошаркар Франк Ниликина повеќе не е играч на Олимпијакос, објави грчкиот клуб. Ниликина се пресели од Партизан во Олимпијакос во септември минатата година, кога потпиша двегодишен договор.

„Му се заблагодаруваме на Франк за неговиот придонес во тимот, му посакуваме се најдобро во иднина и понатамошен успех во кариерата“, соопшти Олимпијакос.

Францускиот кошаркар во текот на сезоната 2025/26 постигнуваше просек од 4,5 поени по натпревар во Евролигата, додека во грчкото првенство имаше 8,4 поени по натпревар.

Ниликина играше и за Шарлот, Далас, Њујорк и Стразбур во текот на својата кариера.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Сасуоло го отпушти Аквилани

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло -...

📸 Хари Кејн ја освои „Златната топка“, но ФИФПРО не го смести во најдобрите 11 во светот!

Хари Кејн ја освои Златната топка за 2026 година,...

Бисерот на Барселона е „Златно момче“ – Кубарси пишува историја

Пау Кубарси ја освои престижната награда „Златно момче“ за...

Мурињо е најдобриот тренер во Примера за октомври

Четири натпревари, четири победи и признанието за најдобар тренер...