Ѓоковиќ постави нов рекорд на Ролан Гарос: „Не бев свесен за тоа. Убаво“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го започна своето учество на Ролан Гарос со победа над Џовани Мпеса Перикар

Прегледи:

Датум:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го започна своето учество на Ролан Гарос со победа над Џовани Мпеса Перикар. Ѓоковиќ така го започна своето 82-ро учество на Гренд Слем турнири, што го прави рекордер во светот на тенисот.

Големиот ривал на Ѓоковиќ, Роџер Федерер, одигра 81 Гренд Слем турнир за време на својата богата кариера, а Шпанецот Фелисијано Лопез исто така има забележано ист број учества на најголемите турнири.

Веќе навикнат на рекорди, српскиот ас коментираше за новиот кратко по натпреварот: „Не бев свесен за тоа. Убаво“.

Потоа се осврна и на самиот дуел.

– Натпреварот беше ментално предизвикувачки, но бев смирен во важните моменти, не сметајќи го првиот сет. Од вториот сет го прочитав подобро неговиот сервис, тој има еден од најдобрите сервиси со кои сум се соочил во мојата кариера, никој не го сака во ждрепката. Никогаш не е лесно да се игра со Французин во „Шатрие“, притисокот се чувствува повеќе. Ова е она што ми требаше, тричасовен натпревар – рече Ѓоковиќ, а неговите зборови ги пренесе „Спорт Клуб“.

Следниот противник на освојувачот на 24 гренд слем титули ќе биде уште еден тенисер од Франција, Валентин Роаил, 74-тиот играч во светот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...