📽️ Шок во Португалија: Маркез падна на два круга од титулата, ќе има уште една шанса во недела

Марк Маркез ја пропушти шансата математички да ја обезбеди титулата во МотоГП шампионатот во спринт трката за Големата награда на Португалија

Прегледи:

Датум:

Марк Маркез ја пропушти шансата математички да ја обезбеди титулата во МотоГП шампионатот во спринт трката за Големата награда на Португалија. Шпанецот падна два круга пред крајот додека возеше на третото место, но сепак има голема предност во поени и може да стигне до својата десетта светска круна во недела.

Возачот на Дукати ја изгуби контролата врз својот мотор во седмата кривина и заврши на чакалот, со што ја прекина серијата од 25 последователни трки во кои освојуваше поени.

Спринт победата ја освои Марко Бецеки, кој славеше пред Раул Фернандез, додека третото место му припадна на Алекс Маркез. Педро Акоста заврши четврти, а Хорхе Мартин беше петти.

Маркез така остана на 431 поен, додека Мартин е втор со 376, а Бецеки е трет со 369 поени.

Сепак, Шпанецот е сепак многу блиску до титулата. Во шампионатот остануваат уште 62 бода, а за да ја освои својата десетта светска круна, или осма во премиер класата, во главната трка во недела ќе треба да заврши деветти, под услов Мартин да победи.

Доколку Мартин заврши втор, 14-то место ќе му биде доволно на Маркез.

Додека се чека исходот од борбата за индивидуалната титула, Априлија има причина за славење. Тимот од Ноале математички го обезбеди првото место во тимската конкуренција, собирајќи 745 бода, дури 140 повеќе од Дукати.

Бецеки ја предводеше доминацијата на Априлија со одличен настап во Портимао, а Раул Фернандез дополнително го потврди одличниот ден на италијанскиот производител со второто место.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Класика: Зверев и Алкараз во финалето на завршниот Мастерс во Торино

Светскиот рекет број еден, Александар Зверев, го победи Даниил...

Работнички продолжува да гази, МЗТ се врати убедливо, Пелистер и Кожув со важни победи

Работнички ја продолжи перфектната серија во македонската кошаркарска Суперлига,...

Јунајтед во очај – потпишува со напаѓач за 120 милиони евра?

Манчестер Јунајтед е во зоната за испаѓање и сака...