🎬Маршалот кој беше удрен од Бецеки: Бев многу шокиран

Годинешното Гран При на Чешката Мото ГП сигурно ќе се памети по она што се случи помеѓу Марко Бецеки и еден од маршалите на патеката во Брно откако Италијанецот доживеа несреќа за време на спринтот

Прегледи:

Датум:

Годинешното Гран При на Чешката Мото ГП сигурно ќе се памети по она што се случи помеѓу Марко Бецеки и еден од маршалите на патеката во Брно откако Италијанецот доживеа несреќа за време на спринтот.

Потоа тој влезе во физичка пресметка со маршалот, што му донесе казна и забрана за учество во чешката трка.

А нашите колеги од ТНТ Спортс се сретнаа со дотичниот маршал за да му дадат можност да ја раскаже својата перспектива за тоа што се случило помеѓу него и Бецеки.

„Добро сум. Во тој момент бев малку шокиран. Вечерта, кога видеото стана вирално и сите фанови го видоа, морав да седнам бидејќи беше нешто ново за мене.

Дефинитивно беше под стрес и го разбирам тоа. Падна, ја завршив работата и отидов до моторот и го зедов. Ја повлеков спојката и се обидов да го кренам бидејќи моторот сè уште работеше и моторот почна да се движи, па сакав да го ставам на земја и моторот се исфорсира. Веројатно мислел дека сум го направил тоа намерно, дека е чиста несреќа, а потоа сите видеа што се случи.

Го видов неговото извинување. Тој дојде и кај мене пред малку и ми се извини лично. Го разбирам тоа и му посакувам се најдобро. Важно ми е што дојде да се извини“, рече Ладислав.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Поранешна Мис Италија и мистериозно видео ставија крај на врската на еден од најдобрите тенисери во светот?

Данската манекенка од босанско потекло Лаила Хасановиќ и еден...

Нурмагомедов пред трансфер во UFC

Една од најголемите ѕвезди надвор од UFC наскоро би...

Ендрик: Мурињо ме мотивира уште повеќе во Реал Мадрид

Бразилската репрезентација ги започна подготовките за претстојните натпревари за...

Хау ја одби работата во Кристал Палас

Еди Хау, кој неодамна се сметаше за фаворит да...