📷Легендарен НБА кошаркар се ожени со 19-години помлада Хрватка

Легендарниопт НБА кошаркар, двократен шампион на НБА со Хјустон Рокетс, Кени Смит, се ожени по трет пат, сега со хрватската инфлуенсерка Тиа Јурчиќ. На луксузната церемонија одржана во Њупорт, голем број познати гости го красеа настанот.

Прегледи:

Датум:

Легендарниопт НБА кошаркар, двократен шампион на НБА со Хјустон Рокетс, Кени Смит, се ожени по трет пат, сега со хрватската инфлуенсерка Тиа Јурчиќ. На луксузната церемонија одржана во Њупорт, голем број познати гости го красеа настанот.

На свадбата имаше и балкански хитови од Маринко Роквиќ и Јелена Розга, па Тиа сигурно се чувствувала како дома.

По неуспешните бракови со Дон Ривс, со која има ќерка и син, и моделот Гвендолин Озборн, со која, исто така, има и ќерка и син, тој реши да стапне на „лудиот камен“ по трет пат во животот.

За да биде уште поинтересно, Тиа Јурчиќ, која е 19 години помлада, зад себе има два неуспешни брака. Претходно влезе во тие води со американскиот кошаркар Крис Ворен, кој некогаш играше за Цибона, со кого има син, а потоа нејзин сопруг беше Марио Мамиќ, син на бизнисменот Здравко Мамиќ. Тој брак е под големо внимание од хрватската јавност од 2017 година поради судскиот случај против семејството Мамиќ.

Тиа Јурчиќ на крајот се пресели „преку барата“ со својот син Доменико и го продолжи својот живот во Америка со Кени Смит, за кого сега се омажи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ТФТ го преживеа Куманово: Голема драма и победа на „црно-белите“

Кошаркарите на ТФТ забележаа важна победа во шестото коло...

Де Лаурентис нема намера да го отпушти Алегри

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, продолжува да има...

Роси сè уште не може да ја заборави кавгата со Маркез

Повеќе од една деценија по озлогласениот инцидент на Големата...

Џон Елкан се вмеша за да ги смири тензиите меѓу Хамилтон и Леклер

Извршниот директор на Ферари, Џон Елкан, се вмеша за...