Светското првенство заврши за Рафиња?

Токму кога пристигна веста дека Нејмар би можел да биде подготвен да продолжи на Светското првенство, Бразилците добија и лоши вести. A веста е дека Светското првенство можеби заврши за Рафиња! Тоа не е официјална вест, но доаѓа од каталонските медиуми, каде што бразилскиот напаѓач игра за Барселона.

Прегледи:

Датум:

Според нивните информации, Рафиња ја обновил повредата на бутниот мускул што го мачеше во текот на целата сезона и неизвесно е дали ќе може повторно да игра пред крајот на Светското првенство.

Интересно е што во текот на целиот ден, вестите за Рафиња се редеа една по друга, од фактот дека е добро, дека сè е во ред, до најновата што вели дека можеби дури и завршил со играње на Светското првенство.

Поради низа повреди, Бразилецот одигра само 33 натпревари за Барселона на сите фронтови минатата сезона, а го пропушти и двомечот против Атлетико во четвртфиналето од Лигата на шампионите, кога неговиот клуб беше елиминиран. А сега, на крајот на краиштата, можеби по само два натпревари го заврши Светското првенство…

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Лонзо Бол негираше дека се пензионирал

Откако се појавија информации дека Лонзо Бол одлучил да...

Костадинов: Сите останати репрезентации се фаворити, но тоа не значи ништо

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Тихомир Костадинов пред дуелот со...

Ивановски се пласираше во второто коло на турнирот во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да го мине првото...

🎥Скандал на прес-конференцијата на холандската репрезентација: Ван Дајк се расправаше со новинарите

Капитенот на холандската фудбалска репрезентација, Вирџил ван Дајк, влезе...