📽️ Го имаме автоголот на годината – фудбалерот во солзи побара замена по она што го направи

Франциско Моура постигна бизарен автогол во натпревар од Купот на Португалија против третолигашот Паредес, по што со солзи побара замена. Порто едвај се пласираше на крајот, дури по пенал

Прегледи:

Датум:

Франциско Моура постигна бизарен автогол во натпревар од Купот на Португалија против третолигашот Паредес, по што со солзи побара замена. Порто едвај се пласираше на крајот, дури по пенал.

Порто поведе на „Естадио до Драгао“ во 41-та минута со голот на Секо Фофана, но потоа наиде на неочекувани проблеми.

Имено, во 57-та минута, голманот Клаудио Рамос одбрани удар на Ерик Сантана, а топката отскокна до Моура.

Иако никој од противникот не го притисна, Моура ја испрати топката во долниот десен агол од својот гол со сосема неразбирлив одмерен удар.

Кога сфати што направил, веднаш падна на тревата и се фати за главата, а набрзо можеа да се видат солзи на неговото лице. Играчот на Порто набрзо го замоли тренерот да го отстрани од игра. Тоа се случи околу десет минути по автоголот.

Резултатот остана непроменет до крајот на продолженијата, па победникот беше решен со изведување на пенали. Херој на Порто беше голманот Рамос, кој одбрани три пенали, а Порто славеше со 3:1 и се пласираше во осминафиналето.

Паредес моментално е лидер во португалската трета лига.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Класика: Зверев и Алкараз во финалето на завршниот Мастерс во Торино

Светскиот рекет број еден, Александар Зверев, го победи Даниил...

Работнички продолжува да гази, МЗТ се врати убедливо, Пелистер и Кожув со важни победи

Работнички ја продолжи перфектната серија во македонската кошаркарска Суперлига,...

Јунајтед во очај – потпишува со напаѓач за 120 милиони евра?

Манчестер Јунајтед е во зоната за испаѓање и сака...