Гаштаров за повикот во репрезентацијата: Сонував за ова многу години

Младиот фудбалер на Црвена Звезда, Матеј Гаштаров зад себе има одличен период во дресот на српскиот тим, каде успеа да се избори за првотимски статус и значајна минутажа. За Гаштаров, повикот во фудбалската репрезентацијата на Македонија се претстојниот циклус во Лигата на нациите е остварување на детскиот сон

Прегледи:

Датум:

Младиот фудбалер на Црвена Звезда, Матеј Гаштаров зад себе има одличен период во дресот на српскиот тим, каде успеа да се избори за првотимски статус и значајна минутажа. За Гаштаров, повикот во фудбалската репрезентацијата на Македонија се претстојниот циклус во Лигата на нациите е остварување на детскиот сон.

„Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години. Очекувам да настапам и се надевам на позитивни резултати. Секако, одиме на победа без разлика кој е противникот. Имаме голема почит кон Швајцарија, Шкотска и Словенија, но нашиот тим има голем квалитет и одиме на победа. Ќе оставиме срце на терен, како што се очекува од овој дрес“, вели Гаштаров.

Неговиот период во Црвена звезда е исполнет со напорна работа, која му донесе место во стартниот состав.

„Многу работев и давав се од себе за да бидам во првиот состав на Црвена звезда. На крајот тоа дојде. Спремен сум да играм на повеќе позиции, тоа не ми е проблем. Како што ќе бара селекторот, така ќе исполнам се што се очекува од мене. Верувам во тоа што го работам. Дали очекував дека сето ова ќе се случи толку брзо? Можеби не, но секогаш сум спремен за ваков предизвик“, додава младиот репрезентативец, цитиран од сајтот на ФФМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Палмер се повлекува од репрезентацијата на Англија поради повреда на мускулот

Напаѓачот на Челси, Кол Палмер, се повлекува од репрезентацијата...

📸 🎬UFC борачка се соблече за да ги покаже последиците од тренинзите

Бразилската UFC борачка, Полиана Вијана (34), е една од...

🎬 Сите зборуваат за стајлингот на Олисе на Октоберфест

Традиционалната посета на фудбалерите на Баерн Минхен на познатиот...