Мартин: Се надевам дека мојата приказна ќе ги инспирира луѓето ширум светот

Хорхе Мартин имаше вистински херојски настап за време на спринтот во Катар, каде што Шпанецот заврши трет зад Марк Маркез и Фабио Ди Џанантонио откако стартуваше од 11-то место.

Прегледи:

Датум:

Хорхе Мартин имаше вистински херојски настап за време на спринтот во Катар, каде што Шпанецот заврши трет зад Марк Маркез и Фабио Ди Џанантонио откако стартуваше од 11-то место.

Овој напредок за Мартинатор доаѓа само две недели откако го скрши десниот зглоб за време на спринтот во Австралија. Повредата го принуди возачот на Априлија да ги пропушти трките во Малезија минатата недела, а денес заврши трет, што можеше да биде втор, но самиот Мартин призна дека останал без енергија на крајот од трката.

„Благодарам на сите. Навистина сум горд на работата што ја работам. Го скршив зглобот пред 14 дена. Денес не се обидував навистина да притискам. Решив да ставам мека гума за да можам барем да напаѓам. Кога се борев со Марк за првото место беше навистина убаво. На крајот немав енергија да продолжам да притискам, но неверојатно е да се биде тука на подиумот. За мене тоа е како победа и се надевам дека мојата приказна ќе ги инспирира луѓето ширум светот“, рече Мартин.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Леклер конечно прокоментира за проблемите со Хамилтон

Нетрпеливо очекуваната средба помеѓу Фредерик Васер и неговите двајца...

📽️ Бањаја во болница по несреќата, ја пропушта главната трка во Катар

Франческо Бањаја ќе го пропушти утрешната ГН на Катар...

🎬Маркез најбрз во спринтот на „Лусаил“, титулата е се поблиску

Марк Маркез е на чекор од освојување на десеттата...

🎥 Шелтон стави кај на бајката на Аш и по пресврт се пласираше во финалето на Мастерсот во Париз

Бен Шелтон се пласираше во финалето на Мастерсот во...