Фудбалерите на Евертон и Ливерпул ги поделија бодовите во градското дерби со 1:1, во рамките на 12-то коло од Премиер лигата.
Ливерпул ја прекина серијата од два победи, додека „карамелите“ делумно се искупија за убедливиот пораз од Бредфорд во претходното коло (4:0).
Гостите поведоа во петтата минута – Собослај со прецизен удар го погоди долниот агол од голот на Пикфорд.
Сепак, Евертон реагираше 20 минути подоцна, а имаше и помош од противникот. Фримпонг несмасно ја закачи топката по паузата и ја испрати во сопствената мрежа за 1:1.
Ливерпул потоа имаше добри шанси преку Вирц, Исак и Ван Дајк, но резултатот не се промени.
Евертон можеше да го казни во последните минути. Најблиску што тимот на Дејвид Мојес дојде до гол беше кога Дјузбери-Хол упати удар од непосредна близина во 72-та минута, но тој го погоди соиграчот пред него.
Евертон е осми на табелата со 17 бода, додека Ливерпул е четврти со 22 бода.
Евертон следно ќе гостува кај Астон Вила, додека Ливерпул ќе биде домаќин на Сандерленд.


