Пелистер го сруши непоразениот Гдањск – Битолчани остануваат во игра за европска пролет!

Еурофарм Пелистер продолжува со одличните европски изданија и ја оствари можеби најзначајната победа во досегашниот дел од сезоната во Европската лига на ЕХФ

Прегледи:

Датум:

Еурофарм Пелистер продолжува со одличните европски изданија и ја оствари можеби најзначајната победа во досегашниот дел од сезоната во Европската лига на ЕХФ. Битолчани го совладаа полскиот Вибжеже Гдањск со 34-27 (20-14), кој во Битола пристигна како лидер во групата Г и единствена екипа без пораз, со што направија голем чекор во борбата за пласман во главната рунда.

Избраниците на Лино Червар одиграа убедлив натпревар и покажаа дека претходната победа над германскиот Гумерсбах не била случајност. По триумфот од 29:28 против германскиот состав во претходното коло, „зелено-белите“ сега успеаја да го надиграат и полскиот претставник, кој дотогаш имаше оставено одличен впечаток во групата.

Гдањск во Битола допатува со шест освоени бода од првите четири натпревари, без ниту еден пораз. Полјаците претходно забележаа победи над Гумерсбах и Ла Риоха, а ремизираа и со шпанскиот тим и со Еурофарм Пелистер во првата меѓусебна пресметка, која заврши 31:31.

Токму затоа овој триумф има дополнителна тежина. Пелистер не само што освои важни бодови, туку и го прекина непоразениот европскиот пат на еден од најпријатните изненадувања во натпреварувањето.

Битолчани во пресрет на овој дуел беа под дополнителен притисок по поразот од Алкалоид во домашното првенство, но европската сцена повторно донесе поинакво лице на тимот. Победата над Гумерсбах очигледно беше важен поттик, а сега следуваше уште еден голем резултат пред домашната публика.

За Пелистер ова е значаен исчекор во групата во која секој бод има голема вредност. До крајот на групната фаза останува уште едно коло, а битолчани ги очекува гостување кај Ла Риоха на 1 декември. Со новиот триумф, европската приказна на македонскиот претставник останува целосно отворена, а надежта за продолжување на сезоната во нокаут-фазата е жива.

Пелистер веќе покажа дека може да се носи со фаворитите во групата. Сега пред Червар и неговите ракометари е задачата добрата европска форма да ја потврдат и на последниот натпревар, каде што ќе се решава судбината на нивната европска сезона.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

НБА планира најмалку 10 милијарди евра за нови арени низ Европа

НБА објави иницијатива чија цел е да се соберат...

Ташима вели дека ќе служи само еден мандат како претседател на ФИФА доколку победи

Козо Ташима, почесниот претседател на Јапонската фудбалска асоцијација, изјави...

Менаџерот на Дукати: Нема сомнение дека Марк Маркез е најдобриот во историјата

Генералниот менаџер на проектот на Дукати во МотоГП, Луиџи...

Алонсо: Астон Мартин не може да се натпреварува во Формула 1 со овој погонски склоп

Фернандо Алонсо е категоричен дека тимот на Астон Мартин...