Пирло ќе биде нов селектор на Италија

Освојувачот на Светското првенство во 2006 година, Андреа Пирло, ќе стане селектор на италијанската репрезентација, тврди „Газета дело Спорт“. Според медиумот, договор до 2030 година ќе биде потпишан во наредните денови

Прегледи:

Датум:

Освојувачот на Светското првенство во 2006 година, Андреа Пирло, ќе стане селектор на италијанската репрезентација, тврди „Газета дело Спорт“. Според медиумот, договор до 2030 година ќе биде потпишан во наредните денови.

Пирло (47) е тренер на Дубаи Јунајтед во Обединетите Арапски Емирати од летото 2025 година. Тој исто така беше на чело на турскиот Фатих Караѓумрук, италијанските Јувентус и Сампдорија, а со „Старата дама“ го освои Купот на Италија во 2021 година и Суперкупот на земјата една година претходно.

Како фудбалер, Пирло играл за Јувентус, Бреша, Интер, Реџина, Милан и Њујорк Сити. Тој е шесткратен шампион на Италија, двапати ја освои Лигата на шампионите, двапати Суперкупот на УЕФА, а беше и светски клупски шампион.

Со Италија стана светски шампион во 2006 година, освои сребрен медал на Евро 2012 и бронзен медал на Купот на конфедерации во 2013 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Еспањол го отпушти тренерот по елиминацијата во Купот

Елиминацијата од членот на четвртата дивизија на почетокот од...

Пол Пирс заработил 200 милиони долари за време на НБА кариерата, а сега тврди дека финансиски тоне

Поранешниот играч на Бостон Селтикс, Пол Пирс, кој наводно...

Ауди објави клучно назначување на крајот од својата дебитантска сезона во Формула 1

Ауди Формула Рејсинг го објави назначувањето на Томас Фир...

МотоГП: Возачите бараат план за евакуација за да патуваат во Катар

Возачите на МотоГП одржаа нов состанок за да разговараат...