ФИБА Еврокуп: Нов пораз на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја нов пораз во ФИБА Еврокупот, овојпат од кипарски АЕК Ларнака со 69-85 во четвртото коло од натпреварувањето

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја нов пораз во ФИБА Еврокупот, овојпат од кипарски АЕК Ларнака со 69-85 (42-49) во четвртото коло од натпреварувањето. За тимот од Аеродром ова беше и четврти пораз во исто толку одиграни натпревари.

Иако одиграа добро прво полувреме, падот во играта во третиот период беше пресудна за вечерашниот пораз на „металците“ на домашен терен.

Емир Крајиниќ реализираше 17 поени и 12 скока, Ноа Фарахан 14 поени и 4 асистенции, доека Лесли Варнер постигна 10 поени за домашниот тим. Мајлс Тејт беше најзаслужен за победата на АЕК со 22 поени, 3 скока и 5 асистенции.

Standings provided by Sofascore

За македонскиот шампион следат два натпревари на домашна сцена Во четврток гостуваат на Струмица, а веќе во недела во Аеродром го пречекуваат Пелистер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Лацио постигна шест гола против Сасуоло, тимот на Гатузо привремено на врвот во Серија А

Лацио го победи Сасуоло со 6-2 во спектакуларен натпревар...

🎬 Црвена Звезда го декласираше Макаби, Барселона славеше во Минхен во тесна завршница

Кошаркарите на Црвена Звезда го победија Макаби Тел Авив...

🎥 Зверев и Алкараз се изнамачија, но продолжуваат напред во Виена

Првиот носител Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Сколс кажа кој треба да биде следниот менаџер на Манчестер Јунајтед

Пол Сколс го повика Манчестер Јунајтед да го назначи...