Чупиќ пред дуелот со Мелсунген во Скопје: Станува збор за нашата гордост и чест

Вардар во среда, 28 октомври, од 18,45 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека МТ Мелсунген, во натпреварот од последното, шесто коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Прегледи:

Датум:

Вардар во среда, 28 октомври, од 18,45 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека МТ Мелсунген, во натпреварот од последното, шесто коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните немаат можност за пласман во главната фаза и европскиот настап ќе го продолжат во ЕХФ Европската лига, a Вардар сака со втора победа да го заврши настапот во европската елита.

Тренерот Иван Чупиќ посочи дека последниот натпревар во Лигата на шампионите е прашање на гордост, чест и одговорност кон навивачите.

„Пред нас е уште еден натпревар во ЕХФ Лигата на шампионите и, за жал на сите нас, последен сезонава во ова натпреварување. Одигравме пет натпревари, а ни останува уште еден. МТ Мелсунген сигурно доаѓа во Скопје решен да се бори за место во главната фаза.

Моето размислување е многу едноставно. По двата пораза во ‘Јане Сандански’, сега станува збор и за нашата гордост и чест. Оваа сала и нашите навивачи, кои нè поддржуваа на највисоко ниво на двата домашни натпревари во Лигата на шампионите, заслужуваат да го завршиме настапот со победа.

Сакаме да победиме не само за клубот и да ја продолжиме победничката серија, туку пред сè за да им возвратиме на навивачите – луѓето што секогаш се зад нас и постојано ни даваат дополнителна сила.

Победивме во Нант и, дај Боже, ако во среда го совладаме и Мелсунген, тоа ќе биде награда и за навивачите кои никогаш не се откажуваат од нас. Пред нас е целата сезона во македонското првенство, регионалната лига и ЕХФ Европската лига. Сакаме салата и понатаму да биде исполнета, а Вардар и нашиот домашен терен повторно да станат тврдина.“, изјави тој пред мечот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Серхио Љул ја испиша историјата на Реал Мадрид

Серхио Љул стана играчот со најмногу настапи за еден...

Магваер по новиот дебакл на Јунајтед: Нешто мора да се промени

Манчестер Јунајтед е во огромна криза. Борнмут победи со...

Најдолгото партнерство во историјата на Реал Мадрид ќе трае до 2033 година

Реал Мадрид и брендот за пиво Маху Синко Естрелјас...

Дали ова е знак кој ќе ја освои „Златната топка?“ Реал Мадрид со неочекуван потег пред церемонијата

Доелувањето на „Златната топка“ оваа година ќе донесе враќање...