Реал Мадрид демантира: Нема контакт со Олисе, го почитуваме Баерн

„Двата клуба отсекогаш одржувале однос заснован на доверба и меѓусебно почитување“, се вели во соопштението

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид почувствува потреба да издаде соопштение и да ја негира веста што ја објавија одредени медиуми. Гигантот наводно е заинтересиран за асот на Баерн, Мајкл Олисех.

„Како одговор на извештаите во разни медиуми во врска со наводниот интерес за Мајкл Олисе, Реал Мадрид сака да изјави дека немал никаков директен или индиректен контакт со играчот, неговите претставници или некој во неговата околина“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Мадридска „Марка“ објави дека Реал подготвува понуда од околу 200 милиони евра за Олисе, кој минатата сезона постигна 22 гола и имаше 31 асистенција.

Реал, исто така, изјави дека има „одличен институционален однос“ со Баерн.

„Двата клуба отсекогаш одржувале однос заснован на доверба и меѓусебно почитување, што се одразува, меѓу другото, во заедничкото верување дека секој потенцијален интерес за играч кој припаѓа на друг клуб прво мора да се реши меѓу самите клубови“, се вели во соопштението.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ТФТ го преживеа Куманово: Голема драма и победа на „црно-белите“

Кошаркарите на ТФТ забележаа важна победа во шестото коло...

Де Лаурентис нема намера да го отпушти Алегри

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, продолжува да има...

Роси сè уште не може да ја заборави кавгата со Маркез

Повеќе од една деценија по озлогласениот инцидент на Големата...

Џон Елкан се вмеша за да ги смири тензиите меѓу Хамилтон и Леклер

Извршниот директор на Ферари, Џон Елкан, се вмеша за...