Сејдини пуштен од притвор, дал гаранција од 1.150.000 евра

Заради обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката, Судот определи мерка на претпазливост – одземање на патната исправа.

Прегледи:

Датум:

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и ја укина мерката притвор, стои во соопштението Основен кривичен суд Скопје.

Заради обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката, Судот определи мерка на претпазливост – одземање на патната исправа.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, на 24.04.2026 година на осомничениот му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство и опасност дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. Мерката притвор подоцна беше продолжена со решение на Кривичниот совет, а поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Проневера во службата“ од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

По поднесениот предлог за укинување на мерката притвор со определување гаранција и добиено позитивно мислење од Јавниот обвинител, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го уважи предлогот и ја прифати понудената гаранција, а со оглед дека против решението не беше изјавена жалба, истото стана правосилно, по што осомничениот е пуштен да се брани од слобода.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Заминувањето на Роналдо од Португалија може да предизвика загуби од милиони долари

Кристијано Роналдо сè уште не го објавил своето повлекување...

Мурињо си најде „проект“ во Реал: Отпишан талент повторно се бори за место во тимот

Реал Мадрид тренира во Валдебебас веќе 11 дена, а...

Одигра три натпревари на Светското првенство, па полицијата го фати со кокаин

Австралискиот фудбалер Кристијан Волпато беше позитивен на кокаин откако...