Реми на Вардар во последниот дуел во Лигата на шампионите сезонава

Ракометарите на Вардар 1961 ремизираа со германски Мелсунген со 26:26 (14:12) во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите на ЕХФ

Прегледи:

Датум:

Ракометарите на Вардар 1961 ремизираа со германски Мелсунген со 26:26 (14:12) во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите на ЕХФ. Македонскиот шампион на тој начин се збогува со елитното натпреварување со три бода, додека германскиот тим со нерешениот резултат обезбеди место во плејофот.

Избраниците на Иван Чупиќ одиграа добро прво полувреме, кое заврши со водство од два гола (14:12), но гостите направија пресврт во резултатот на почетокот од второто полувреме. Следеше израмнета битка во која екипите се менуваа во водство, а одлуката дојде во драматична завршница.

Вардар го израмни резултатот на 24:24 со атрактивен цепелин на Жоао Педро и Јака Малус, а резултатот влезе во последната минута со 25:25. Иако со играч помалку, домаќините добија седмерец на 25 секунди пред крајот, кој Матео Фадуил го реализираше за 26:25.

По тајмаутот на Роберт Гарсија Парондо, Мелсунген успеа да израмни, а последниот контранапад на вардарци донесе долг судиски преглед на видеото. Сепак, судиите не досудија седмерец, па резултатот остана 26:26.

Матео Фадуил беше најефикасен за вардарци со седум гола, Вукашин Воркапиќ постигна четири, додека голманот Милош Валах имаше 14 одбрани.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...

Ф1 ќе добие хибридни V8 турбо мотори со до 900 КС? Поголемиот дел од моќноста би доаѓал од SUS мотор

Британската Би-Би-Си објави статија во која се наведува дека...

Голем удар за Индијана: Тајрис Халибартон ја повреди тетивата

Кошаркарот на Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон, го истегна мускулот...