Познатиот холандски фудбалер Весли Снајдер (42) ги стави на продажба трофејот „Сребрена топка“ што го освои на Светското првенство во 2010 година, како и медалот од Светското првенство во 2014 година.
Како најдобар играч и стрелец на Холандија во 2010 година, Снајдер ја освои „Сребрената топка“, награда за втор најдобар играч. Да потсетиме, тогаш Холандија во финалето загуби од Шпанија.
Исто така, Снајдер го нуди и својот бронзен медал од Светското првенство во 2014 година, кога со Холандија во натпреварот за третото место го совлада домаќинот Бразил.
Снајдер својот трофеј и медалот ги продава на страницата наречена „Меч ворн ширт“ (Match Worn Shirt), како дел од „колекцијата на легендите“.
„Ова се предмети кои ми се многу драги. Мислам дека е одлично што можам да ги споделам овие моменти со љубителите на фудбалот, колекционерите кои навистина ја ценат приказната што стои зад овие предмети“, изјави Снајдер.
Снајдер има одиграно 134 натпревари за Холандија и постигнато 31 гол.


