Тебас: Додека Перез е претседател на Реал, односите нема да се подобрат

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, зборуваше со медиумите за контроверзноста со Реал Мадрид, осврнувајќи се на неговата објава на социјалната мрежа „Х“ од претходниот ден

Прегледи:

Датум:

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, зборуваше со медиумите за контроверзноста со Реал Мадрид, осврнувајќи се на неговата објава на социјалната мрежа „Х“ од претходниот ден.

Запрашан за официјалната изјава на Реал Мадрид, тој коментираше: „Да не бев одговорен, немаше да бидам тука дванаесет години. Со години сме во оваа ситуација со телевизијата на Реал Мадрид и кога работите тргнуваат наопаку во клубот, тие критикуваат сè живо, што е срамно. Тоа е недостаток на почит кон сите – кон Ла Лига, кон клубовите и кон навивачите“.

Во врска со контроверзните моменти во дербито, Тебас изјави: „Ги разбирам критиките, но не можам да ги прифатам тврдењата дека првенството не е во ред. Некои луѓе јасно ја гледаат акцијата на Белингам со различни очила од остатокот од светот. Во никој случај не може да биде црвен картон. Во врска со ситуацијата со Канг-Ин, акцијата можеше да биде црвен картон, но не беше толку очигледна како што тврдат другите“.

Во врска со неговиот однос со Флорентино Перез, претседателот на Ла Лига беше категоричен: „Додека Флорентино Перез е претседател на Реал Мадрид, нашиот однос е непоправлив. Проблемот е моделот на фудбал што го предлага Флорентино, а ние не го поддржуваме. Дали во иднина ќе има друг претседател, ќе видиме. Воопшто не се согласувам со сегашното раководство, но немам ништо против Реал Мадрид. Ова е мојот тим од детството“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Маркез и Бецеки со спротивставени ставови за нивниот судир на „Лусаил“

Марк Маркез изјави дека инцидентот меѓу него и Марко...

Македонија на жешко гостување во Халкида, Грците го означија дуелот како клучен за пласман на ЕП

Македонската ракометна репрезентација денеска ја очекува сериозен испит на...

Рибакина се повлече од завршниот ВТА турнир, телото не е подготвено за нови предизвици

Светскиот рекет број еден, Јелена Рибакина, нема да се...

📽️ Невиден хаос во Истанбул! Боксерски натпревар заврши со тепачка во рингот

Францускиот боксер Мурад Алиев го победи турскиот боксер во...