Јамал: Мојот идол е Нејмар, но Меси е најдобриот на сите времиња

Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламин Јамал, го коментираше историскиот настап на Лионел Меси во првиот натпревар од осумкратниот освојувач на Златната топка на Светското првенство 2026. Аргентинецот постигна „хет-трик“, соборувајќи еден куп рекорди и беше главно заслужен за летечкиот старт на „албиселесте“

Прегледи:

Датум:

Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламин Јамал, го коментираше историскиот настап на Лионел Меси во првиот натпревар од осумкратниот освојувач на Златната топка на Светското првенство 2026. Аргентинецот постигна „хет-трик“, соборувајќи еден куп рекорди и беше главно заслужен за летечкиот старт на „албиселесте“.

„Хет-трикот на Меси? На секој натпревар што го игра, тој докажува дека е најголемиот фудбалер во историјата. Ако некој сè уште има сомнежи, тоа е само затоа што намерно ги бара. Мојот идол е Нејмар поради неговиот стил на игра, но Лео е најдобриот на сите времиња“, изјави Јамал за RTVE.

Ѕвездата на Барселона, исто така, го коментираше сопствениот статус, признавајќи дека сè уште е рано да одигра цел натпревар. Тој влезе во игра во 71-вата минута во разочарувачкото реми со Капе Верде.

„Сè уште е рано да одиграм цел натпревар, но можам да започнам и да останам на теренот онолку минути колку што сака тренерот. Се чувствувам многу добро и со нетрпение го очекувам следниот натпревар. Долго време бев надвор од теренот, но се чувствувам многу добро. Она што треба да го направам е да се обидам да го дадам најдоброто од себе. Секако, размислував за Светското првенство кога бев повреден, но лекарите ме уверија и за среќа, еве ме“, додаде Јамал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ФИФА негира дека Инфантино му ветил на Мароко дека ќе биде домаќин на Светското првенство во 2030 година

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги негираше тврдењата дека нејзиниот...

КФМ: Еден клуб не ги исполни условите за елитната лига

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти по завршувањето на постапката...

🎥📸 Секулиќ промовиран во Барса: „Ќе биде потребно време, но имаме талент и квалитет“

Александар Секулиќ официјално го започна своето патување во Барселона....

Реал му даде нова понуда на Винисиус, но можеби и таа нема да биде доволна

Раководството на Реал Мадрид денес му даде нова понуда...