Во 11-то коло од Премиер лигата, Арсенал го забележа своето прво реми – англискиот шампион поведе на „Сент Џејмс Парк“, а потоа мораше да спаси бод против Њукасл (2:2).
И покрај ремито, Арсенал ја задржа предноста од шест бода пред својот најголем ривал Манчестер Сити, кој денес одигра 1:1 против Фулам на „Етихад“.
Ова е шанса за Брајтон да ја намали разликата со лидерот на само три бода – најпријатното изненадување во сезоната и единствениот тим што го победи актуелниот шампион во Премиер лигата гостува кај Хал и ќе има шанса да ја продолжи својата одлична серија на резултати.
Standings provided by Sofascore


