Македонија поразена од Бугарија со 29 разлика во Самоков

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од Бугарија во Самоков со 97:68 во првата контролна средба од јулскиот циклус

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од Бугарија во Самоков со 97:68 во првата контролна средба од јулскиот циклус.

Бугарија подобро го отвори дуелот во „Сам Елион“ Арената и по првите десет минути стигна до предност од осум поени (28:20). Во продолжението, домашната селекција ја зголемуваше разликата, а проблемите на Македонија во нападот резултираа со поголем минус на полувремето – 50:37.

По паузата, сликата на теренот не се промени значително. Македонија се обиде да најде ритам во играта, но тешко доаѓаше до реализација. Во третиот период, нашата селекција постигна 16 поени, додека Бугарија одговори со 25 и пред последната четвртина имаше водство од 75:53.

Во завршниот период домаќинот рутински ја задржа предноста и стигна до конечна победа од (97:68) во првата контролна проверка за двете селекции.

Виктор Ефремовски реализираше 13.поени за нашата селекција, Виктор Ташовски постигна 12.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ТФТ го преживеа Куманово: Голема драма и победа на „црно-белите“

Кошаркарите на ТФТ забележаа важна победа во шестото коло...

Де Лаурентис нема намера да го отпушти Алегри

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, продолжува да има...

Роси сè уште не може да ја заборави кавгата со Маркез

Повеќе од една деценија по озлогласениот инцидент на Големата...

Џон Елкан се вмеша за да ги смири тензиите меѓу Хамилтон и Леклер

Извршниот директор на Ферари, Џон Елкан, се вмеша за...