Лазаров: Имињата не ја даваат целата слика, за да се направи тим треба да се работи

Ракометниот клуб Алкалоид во Маврово ја започна втората фаза од летните подготовки. По тренинзите во Скопје, тимот ќе работи на физичката и тактичката подготвеност пред серијата пријателски натпревари, кои ќе бидат последната проверка пред стартот на новата сезона на домашната и меѓународната сцена.

Прегледи:

Датум:

Ракометниот клуб Алкалоид во Маврово ја започна втората фаза од летните подготовки. По тренинзите во Скопје, тимот ќе работи на физичката и тактичката подготвеност пред серијата пријателски натпревари, кои ќе бидат последната проверка пред стартот на новата сезона на домашната и меѓународната сцена.

Тренерот на тимот, Кирил Лазаров за медиумите изјави дека, со оглед на тоа дека нивните конкуренти се засилуваат и Суперлигата станува посилна, се одлучиле за мали промени за да добијат дополнителен квалитет и да останат компетитивни и на домашна и на меѓународна сцена.

„Тоа што го создаваме и создадовме како квалитет го задржавме и се надополнивме со тројца искусни, квалитетни играчи кои треба да бидат додадена вредност. Имињата не ја даваат целата слика, за да се направи тим треба да се работи, да има дисциплина да се воспостави систем. Од тоа што го гледам комплетно сум задоволен од сите играчи, а кога имате квалитет за работа многу е полесно и тренингот е порелаксиран“, изјави легендата на македонскиот ракомет.

Задоволен е од почетокот на подготовките, добрата атмосфера, квалитетните услови и потврди дека тимот работи со голем елан и задоволство.

„Во текот на планирањето на подготовките неколкупати го менувавме планот затоа што не знаевме детали околу Регионалната лига, како ќе се игра. По дефинитивната одлука дека ќе учествуваме и откако го дознавме распоредот, одлучивме да останеме во Македонија и да одиграме неколку пријателски натпревари. Ќе одиграме два пријателски натпревари со репрезентацијата на Египет, РК Нексе ќе биде наш гостин, но почнуваме овде на Маврово со РК Прилеп. Првиот натпревар во Регионалната лига ни е со РК Партизан на 26 август, а дотогаш можеби ќе договориме уште еден натпревар“, изјави тренерот на РК Алкалоид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Трансферот на Родри во Реал Мадрид пропаѓа, Барселона би можела да го искористи тоа

Трансферот на Родри од Манчестер Сити во Реал Мадрид,...

Енрике по тешкиот пораз на ПСЖ: Нормално е сите да бидат мотивирани против нас

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, разбирливо, не...

Шенгелија плати за да ја напушти Барселона

Грузискиот ветеран Торнике Шенгелија, ја напушти Барселона. Со недели...

Хезоња се збогува со Реал Мадрид: Го напуштам мојот дом

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња официјално го потврди своето заминување...