ТАВ Македонија спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП-групацијата стана спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер од Битола

Прегледи:

Датум:

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП-групацијата стана спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер од Битола.

Поддршката има за цел подобрување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери и младинскиот фудбал преку организирање контролни натпревари и учество на домашни и меѓународни турнири во подготвителниот зимски период и натпреварувачката полусезона 2026.

„Инвестицијата во младите е клучна за нашето општество, за спортска Битола, за иднината на младите, за нивниот развој во силни личности. Поддршката ќе има улога во обезбедување подобри услови за спортски развој на младите, јакнење на нивниот натпреварувачки дух, тимска работа и спортска дисциплина. Уште еднаш сакам да се заблагодарам на компанијата ТАВ Македонија која уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност, развој на заедницата и поддршка на традиционалниот национален спортски тим“, рече Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола.

Генералниот директор на ТАВ Македонија рече дека особено го радува тоа што од денеска логото на ТАВ Аеродроми ќе биде присутно на ракавот на новиот дрес на ФК Пелистер, како симбол на нашата поддршка за развојот на младите фудбалери, нивните амбиции и нивниот пат кон идните успеси.

„Со ова спонзорство придонесуваме не само за развојот на идните професионални фудбалери, туку и за здравјето и благосостојбата на повеќе од 400 деца кои активно тренираат во младинските категории на ФК Пелистер.
Исто така, сакам да ви се заблагодарам за дресот кој што ми го подаривте, кој секогаш ќе ме потсетува на почетокот на нашето партнерство и за мене претставува симбол на доверба, припадност и заедничка амбиција за успех“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Марјан Секуловски, координатор на ПМФШ на Пелистер изрази благодарност за спонзорството.

„Во мое лично име, како и во име на сите членови на Прва македонска фудбалска школа на ФК Пелистер, ви изразувам голема благодарност за вашето спонзорство. Вашиот чин ја покажува општествената одговорност на вашата компанија, како и вашата љубов кон фудбалот како спорт, особено кон развојот на младинскиот фудбал.
Младинскиот фудбал е срцето на секој професионален фудбалски клуб и ова ваше спонзорство ќе биде искористено за развој и унапредување на младинските категории на ПМФШ на ФК Пелистер“, посочи Секуловски.

Со оваа соработка, ТАВ Македонија ја потврдува својата посветеност кон општествената одговорност, овој пат со поддршка на над 400 деца и младинци, кои се дел од младинскиот фудбал на ФК Пелистер и кои ја претставуваат иднината на овој македонски фудбалски клуб.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Зверев победува и на трева – го симна од тронот Надал!

Александар Зверев го освои Ролан Гарос, првиот Гренд слем...

Иља беше премногу агресивен, вели Волкановски за поразот на Топурија од Геиџи

Шампионот во перо категорија на UFC, Александар Волкановски, го...

Тренерот на Ислам Махачев: Во преговори сме за борба против Конор Мекгрегор

Можноста за една од најголемите борби во историјата на...

Усман Нурмагомедов: Наследството ми е поважно од парите

Шампионот во лесна категорија на ПФЛ, Усман Нурмагомедов, изјави...