🎥Сабаленка повторно изгуби со 6:0 во решавачкиот сет

Светскaтa тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, не успеа да се пласира во финалето на турнирот во Берлин, откако беше поразена во полуфиналето од третата носителка, Американката Џесика Пегула.

Прегледи:

Датум:

Светскaтa тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, не успеа да се пласира во финалето на турнирот во Берлин, откако беше поразена во полуфиналето од третата носителка, Американката Џесика Пегула.

Нивниот дуел траеше два часа и 16 минути, а Пегула триумфираше со резултат 6:4, 6:7 (4:7), 6:0.

Она што веднаш ѝ паѓа в очи е третиот сет во кој Сабаленка не освои ниту еден гем, а ако земеме предвид дека тоа ѝ се случи и на 3 јуни на Ролан Гарос, кога беше поразена од Дајана Шнајдер (6:3, 5:7, 0:6) во истиот меч, тогаш може да се постави прашањето зошто Сабаленка доживува толку големи падови во решавачки сет.

Што се однесува до Пегула, таа ќе се бори за титулата во Берлин против подобрата тенисерка од другото полуфинале – Линда Носкова или Александра Еала.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️Винисиус стана предмет на потсмев поради видео од Дубаи

Видео од Винисиус Жуниор со телохранител кој држи чадор...

🎬 Вредеше 100 милиони евра. Сега го пали дресот на Арсенал во пренос во живо

Деле Али (30) се најде во центарот на вниманието...

Сасуоло го отпушти Аквилани

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло -...

📸 Хари Кејн ја освои „Златната топка“, но ФИФПРО не го смести во најдобрите 11 во светот!

Хари Кејн ја освои Златната топка за 2026 година,...