🎬Зверев елиминиран во Хале, Фриц се пласира во финалето

Подготовките за Вимблдон, а по освојувањето на титулата на Ролан Гарос, најдобриот германски тенисер Александар Зверев ги започна на турнирот во Хале, каде што денес беше сопрен во полуфиналето

Прегледи:

Датум:

Подготовките за Вимблдон, а по освојувањето на титулата на Ролан Гарос, најдобриот германски тенисер Александар Зверев ги започна на турнирот во Хале, каде што денес беше сопрен во полуфиналето.

Зверев беше поразен со 2:1 во дуелот со деветтиот тенисер во светот, Американецот Тејлор Фриц, во сетови 6:7 (4:7), 6:4 и 7:5, а мечот траеше два часа и 44 минути.

Откако го доби првиот сет во тај-брејк, Зверев се заглави во самиот финиш во следните два сета, кога Фриц дојде до брејкови, кои беа одлучувачки за исходот на овој меч.

Ова е прв пораз на Зверев за еден месец, од дуелот со Италијанецот Дардери во Рим, по кој има вкупно десет победи – седум на Ролан Гарос и уште три во Хале.

Фриц сега го чека името на својот противник во финалето, кој ќе биде победникот од уште еден германско-американски дуел, Даниел Алтмаер или Франсес Тиафо.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Далот во одбрана на Роналдо: Има луѓе кои не сакаат Португалија да победи

Португалија западна во својата прва сериозна криза на турнирот...

🎥Сабаленка повторно изгуби со 6:0 во решавачкиот сет

Светскaтa тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, не успеа...

📸Роналдо го прекина молчењето по жестоките критики – одекна неговата порака

Кристијано Роналдо беше подложен на жестоки критики по ремито...

Легенда на турскиот фудбал: Најдобрите се криеја – па што да очекуваме?

Турција е апсолутно разочарување на Светското првенство, единствената во...