Серундоло ја освои титулата во Квинс

Аргентинскиот тенисер Франциско Серундоло го освои АТП турнирот во Квинс, откако во финалето го победи Американецот Томи Пол со 2:1, во сетови 6:7 (4:7), 6:4 и 6:3.

Прегледи:

Датум:

Аргентинскиот тенисер Франциско Серундоло го освои АТП турнирот во Квинс, откако во финалето го победи Американецот Томи Пол со 2:1, во сетови 6:7 (4:7), 6:4 и 6:3.

Натпреварот траеше три часа и три минути, а по голема борба Аргентинецот успеа да направи пресврт.

Серундоло е 27-ми тенисер во светот, додека Пол е 28-ми на АТП листата, па дуелот беше вистински одраз на нивните позиции.

Ова беше осми дуел помеѓу аргентинскиот и американскиот тенисер, а шеста победа за Серундоло, кој со својот триумф на турнирот во Квинс стигна до петтиот трофеј во својата кариера.

Аргентинскиот тенисер ја освои и својата прва титула на трева, што сигурно ќе му ја зголеми самодовербата пред почетокот на Вимблдон.

АТП турнирот во Квинс се играше за награден фонд од 2.583.330 евра.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ТФТ го преживеа Куманово: Голема драма и победа на „црно-белите“

Кошаркарите на ТФТ забележаа важна победа во шестото коло...

Де Лаурентис нема намера да го отпушти Алегри

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, продолжува да има...

Роси сè уште не може да ја заборави кавгата со Маркез

Повеќе од една деценија по озлогласениот инцидент на Големата...

Џон Елкан се вмеша за да ги смири тензиите меѓу Хамилтон и Леклер

Извршниот директор на Ферари, Џон Елкан, се вмеша за...