Чисора го одложува пензионирањето и му „фрли ракавица“ на Гасиев

Британецот планира враќање на рингот во декември во Лондон

Прегледи:

Датум:

Дерек Чисора не е подготвен да ја заврши кариерата. 42-годишниот Британец откри дека работи на враќање на рингот во декември, а можен противник е Мурат Гасиев.

„Декември. Лондон. Работиме на оваа борба токму сега. Какви се моите шанси против Гасиев? Ќе го решам“, изјави Чисора за ESPN.

Во својата последна борба, Чисора доживеа пораз од Деонтеј Вајлдер. Британецот, исто така, загуби три пати од Тајсон Фјури во својата професионална кариера.

Гасиев моментално ја држи титулата во тешка категорија на WBA. Сепак, организацијата ќе има нов шампион по борбата меѓу Фјури и Ентони Џошуа за супер појасот на WBA на 11 декември.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Навивачите бесни поради терминот на борбата меѓу Фјури и Џошуа

Тајсон Фјури и Ентони Џошуа треба да се борат...

Гвардиола потврди дека се враќа во Манчестер

Пеп Гвардиола треба да се врати на „Етихад“ следната...

Пике и Шакира на суд поради децата: Пејачката бара промена на правилата

Светската музичка ѕвезда Шакира и поранешната фудбалска ѕвезда Жерар...

Јан: Евлоев има само две опции за победа против Волкановски

Триесет и три-годишниот актуелен шампион на UFC во бантам...