ЕХФ Европската лига: Еурофарм Пелистер освои бод во Полска

Еурофарм Пелистер одигра нерешено 31:31 во дуелот од 2.коло од ЕХФ Европската лига на гостувањето против полската екипа Вибжеже Гдањск

Прегледи:

Датум:

Еурофарм Пелистер одигра нерешено 31:31 во дуелот од 2.коло од ЕХФ Европската лига на гостувањето против полската екипа Вибжеже Гдањск. Битолчани во најголемиот дел од натпреварот имаа водство, но последниот напад за победа го имаше полската екипа, кој остана без реализација.

Еурофарм Пелистер во првиот дел ги имаше највисоките +3 (5:2), а на полувреме беше 17:16 за македонскиот тим. Притоа резултатот беше нерешен дури десет пати.

Во вториот дел Еурофарм Пелистер поведе и со +4 (24:20), но во последните минути не ја затресоа мрежата на противникот и тоа го искористи Вибжеже да изедначи на 31:31 за прв пат во второто полувреме. Во последната минута и двата тима не реализираа напад за победа.

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски беше најефикасен со 15 голови, а голманот Саид Хаидарирад имаше 11 одбрани, колку што имаа двајцата голмани на полскиот тим.

Еурофарм Пелистер го освои првиот бод, а во следното коло гостува кај бундеслигашот Гумерсбах.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Хрватска одлично одигра против Шпанија, но на крајот доживеа пораз

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0),...

Осум натпревари се доволни: Македонија веќе не смее да чека Седлоски да проработи

Серијата на Гоце Седлоски повеќе не може да се...

Четири од четири за Македонија и 0:10 гол-разлика во Лигата на нациите

Македонија доживеа нов пораз во Лигата на нациите, повторно...

Ираклис го пријави МЗТ поради транспарент со картата на Голема Македонија

Навивачите на МЗТ Скопје кренаа транспарент со картата на...