Првата меѓународна пауза од оваа сезона, која траеше цели 16 дена и вклучуваше до четири натпревари за поединечните национални тимови, остави зад себе сериозен бран физички проблеми и повредени фудбалери од врвните лиги.
Шпанската новинска агенција EFE изброи најмалку 60 играчи од главните состави на клубовите од петте водечки лиги со повреди или разни физички проблеми по камповите на националните тимови.
Англиската Премиер лига се покажа како најтешко погодена од меѓународните натпревари, регистрирајќи вкупно 16 повредени играчи. Следува италијанската Серија А со 14 засегнати играчи, шпанската Ла Лига со 13, француската Лига 1 со 9 и на крај германската Бундеслига, каде што беа пријавени 8 случаи.
Некои од позначајните играчи кои претрпеле повреди за време на натпреварите за репрезентацијата се Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, Рафиња, Александар Исак, Каи Хаверц, Коди Гакпо, Џамал Мусијала, Патрик Доргу, Брајан Броби, Нико О’Рајли, Џејми Гитенс и други.
Некои од играчите се спасиј, а нивните повреди се покажаа како полесни и се очекува брзо да се опорават и да бидат подготвени за следните натпревари на нивните клупски тимови.
За други, пак, ситуацијата е поинаква и ќе мора да одмараат подолго.


