Вардар ги најави своите шампионски амбиции со убедлива победа од 27:18 (14:6) над Охрид во дербито на македонската ракометна Супер лига. Избраниците на тренерот Иван Чупиќ доминираа во текот на целиот натпревар. Од самиот почеток, одбраната на „црвено-црните“ беше непремостлива пречка за охридскиот тим.
Гостите се држеа до 4:3 во деветтата минута, кога домашните, со серија од 4:0, создадоа разлика која само се зголемуваше до самиот крај.
Најголемата предност беше забележана во 47-та минута кога на семафорот стоеше 26:13.
Најефикасни играчи во победничкиот тим беа Љевар, Фадуил и Абделхак со по пет гола. Голманите на Вардар имаа вкупно 15 одбрани.
Од другата страна, Јошида беше најефикасен со четири гола, а Дино Славиќ имаше 10 одбрани.


