Саду Нтанзи потпиша на една година со Еурофарм Пелистер

Се работи за ракометар кој доаѓа од школата на Пари Сен Жермен и ги мина сите младински категории на француската репрезентација.

Прегледи:

Датум:

Нов член на Еурофарм Пелистер е Саду Нтанзи, соопштија од клубот. Се работи за ракометар кој доаѓа од школата на Пари Сен Жермен и ги мина сите младински категории на француската репрезентација.

Средниот бек има 26 години, доаѓа во Битола од бундеслигашот Мелсунген и ќе биде еден од ретките ракометари од Франција кои играле или ќе играат во Македонија. Тој се обврзал на договор на една сезона со битолскиот клуб.

Нтанзи четири години бил член на ПСЖ и освои исто толку титули во шампионатот на Франција. Потоа минал една сезона во Феникс, една во унгарска Татабања, а минатата сезона настапувал за Ал Араби од Катар и Мелсунген од Германија.

Покрај четирите титули со ПСЖ, со оваа екипа Нтанзи освоил и еден Куп и Суперкуп, а со Мелсунген се пласира во Лигата на шампионите оваа сезона, откако минатата година ја освоија Лигата на Европа.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Херн потврди: Пакијао би можел да учествува во шоуто Фјури-Џошуа

Британскиот промотор Еди Херн, еден од организаторите на планираната...

🎥 Покоњоли: Ни треба добар настап против Македонија, резултатот е важен за сите

Селекторот на Шкотска, Себастијан Покоњоли пред дуелот со Македонија...

Добри вести за Флик, Рафиња не е повреден

Добри вести за Барселона и Ханси Флик – Рафиња...

Манчестер Сити се жали на одлуката на Комисијата на Премиер лигата

Манчестер Сити поднесе жалба на одлуката на Комисијата на...