Неизвесен реваншот помеѓу Мејведер и Пакијао, Netflix бара замена

Според Еди Херн, платформата би можела да го замени мега-судирот со борба помеѓу Рајан Гарсија и Конор Бен

Прегледи:

Датум:

Долгоочекуваниот реванш меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао, најавен уште во февруари, се чини дека е сериозно доведен во прашање. Според британскиот промотор Еди Хeрн, постои реална можност борбата воопшто да не се одржи.

Борбата е закажана за 19 септември во Лас Вегас, но двата тима наводно сè уште се во несогласување околу статусот на борбата и условите на договорот.

Дополнителен притисок доаѓа од Netflix, за кој Хeрн вели дека не е подготвен да ризикува со неизвесен настан и веќе подготвува резервен план.

„Ова е целосен хаос. Изненаден сум што Netflix го прави овој циркус. Тие се нови во боксот, но требаше да бидат посериозни и да не приредуваат борба што би можела да пропадне“, изјави Хeрн за FightHype.

Тој вели дека стриминг гигантот веќе го насочува своето внимание кон потенцијална борба помеѓу шампионот на WBC, Рајан Гарсија, и британската ѕвезда Конор Бен.

„Не мислам дека реваншот ќе се случи, барем не во моментов. Netflix го планира натпреварот Гарсија против Бен за 12 септември, а тоа веројатно ќе биде замената ако Мејведер и Пакијао се повлечат“, додаде Хирн.

Доколку гласините се потврдат, тоа би означило голема промена во септемврискиот боксерски календар и крај на надежите за ново поглавје во едно од најголемите соперништва во историјата на спортот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Енрике: Ги имам најдобрите играчи во светот

По импресивната победа од 4-2 над Барселона во Лигата...

Флик по поразот од ПСЖ: Не сакам да бидам негативен, натпреварот беше вредно искуство

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, претпочиташе да извлече позитивни...

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...