Netflix ја раскажува приказната за Тајсон во нов документарец

„ТАЈСОН“ ќе го следи подемот, падот и животот надвор од рингот на една од најконтроверзните фигури во боксот

Прегледи:

Датум:

Мајк Тајсон ќе биде во фокусот на нова документарна серија на Netflix. Продукцијата од четири епизоди „ТАЈСОН“ ќе се состои од 13 епизоди и премиерно ќе се прикаже на 13 октомври.

Netflix веќе го објави трејлерот за серијата, која ќе го следи животот на поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија – од неговото тешко детство во Бруклин и брзиот подем во професионалниот бокс до најтешките периоди надвор од рингот.

Серијата ќе ги испита проблемите на Тајсон со зависностите, неговото време во затвор, јавните скандали и еден од најпознатите инциденти во историјата на боксот – одгризувањето дел од увото на Евандер Холифилд.

Приказната ќе ја раскажува самиот Тајсон, а продукцијата вклучува претходно невидени архивски снимки, како и сведоштва од неговото семејство, пријатели и ривали.

Според Netflix, целта на „ТАЈСОН“ е да ја покаже не само величината и падот на една од најпрепознатливите фигури во историјата на боксот, туку и човекот зад јавниот имиџ.

Премиерата на четирите епизоди е закажана за 13 октомври.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Еклстоун: Антонели ќе биде новиот Верстапен

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун по светската...

Легенда на Манчестер Јунајтед бара Мартинез да биде избркан

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Ники...

Кајт: Имаме добар план за натпреварот со Ливерпул, тоа ќе биде посебен момент за мене

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дирк Кајт, беше назначен за...

Баркола: Јас не сум Мохамед Салах, дојдов во Ливерпул за да напишам своја приказна

Трансферите за големи пари честопати бараат време за да...