🎥Роналдо го изговори своето име и ги шокираше навивачите: „Целиот живот го изговаравме погрешно?!“

Пред настапот на Португалија на Светското првенство, беше објавено видео во кое португалските репрезентативци ги изговараат своите имиња, а една сцена особено ги изненади навивачите ширум светот. Секако, Кристијано Роналдо ја имаше главната улога

Прегледи:

Датум:

Пред настапот на Португалија на Светското првенство, беше објавено видео во кое португалските репрезентативци ги изговараат своите имиња, а една сцена особено ги изненади навивачите ширум светот. Секако, Кристијано Роналдо ја имаше главната улога.

Иако е еден од најпознатите спортисти на сите времиња, многумина дури сега сфатија дека неговото презиме на португалски не звучи точно онака како што го изговара поголемиот дел од светот. Кога Роналдо го изговори своето име, социјалните мрежи веднаш експлодираа.

Еден коментар особено стана вирален меѓу навивачите. „Чекај, значи целиот живот го изговаравме погрешно презимето на Роналдо?!“, напиша еден навивач.

@sporttvportugal Como se pronuncia o nome dos nossos jogadores 🇵🇹 #sporttvportugal#sporttvportugal #fifaworldcup #tiktokdesporto ♬ som original – sport tv

Причината за изненадувањето лежи во португалскиот изговор. Имено, почетната буква R на португалскиот, особено на европскиот португалски, честопати не звучи како тврдото македонско „р“. Во многу случаи, се изговара гркутално, поблиску до нашето „х“ или француското „r“. Затоа „Ronaldo“ во португалскиот изговор честопати звучи приближно како „Honaldu“.

Исто така, тука е и завршетокот на името. Буквата „o“ на крајот од зборот на португалски често се изговара како „u“, па Роналдо не звучи како „Ronaldo“, туку е многу поблиску до формата „Honaldo“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📷Тектонски пореметувањa на пазарот на опрема: Мбапе го напушти „Најк“ и потпиша за швајцарски бренд

Капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, направи сензационален...

Џејмс објасни зошто го избрал Ефес: Сакам да се борам за трофеи

Еден од најголемите трансфери ова лето во Евролигата е...

🎬Едвардс за Леброн: Неговите колена не можеа да го издржат студот

Ентони Едвардс уште еднаш покажа дека нема НБА ѕвезда...

Првиот список на Чави носи очекувани промени кај „лалињата“

Чави Ернандез (46) го објави списокот на играчи за...