🎬 И тоа се случува во Манчестер: 16-годишник снима проштално видео

Еден од најголемите таленти на Англија, Џеј Џеј Габриел, потврди дека нема да остане во Манчестер Јунајтед. И тоа со проштално видео.

Прегледи:

Датум:

Еден од најголемите таленти на Англија, Џеј Џеј Габриел, потврди дека нема да остане во Манчестер Јунајтед. И тоа со проштално видео.

Нема сомнение дека 16-годишниот напаѓач веќе се перцепира како следната голема работа во англискиот фудбал. Но, да се направи проштално видео на 16 години без ниту еден натпревар во сениорскиот фудбал?!

Навикнати сме на проштални видеа, без разлика дали станува збор за крај на кариера или за преселба во друг клуб. Но, од играчи кои оставиле име и презиме и направиле сериозна кариера. И без разлика колку потенцијал има, Џеј Џеј Габриел е само на почетокот на тој процес.

Тој не откри каде ќе ја продолжи кариерата, иако има сериозни шпекулации дека тоа е Реал Мадрид. Планот на најуспешниот шпански клуб и рекордер во Лигата на шампионите е да им исплати на гигантите од „Олд Трафорд“ само задолжителна отштета од 360.000 евра.

Од друга страна, Манчестер Јунајтед веќе објави дека ќе преземе правни чекори за да се заштити и да ја добие отштетата што смета дека ја заслужува.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Договорот на Покетино со САД содржеше клаузула за три клуба

Маурисио Покетино пристигна во Англија денес за официјално да...

📸 Двалишвили категоричен: Нема да се помирам со Нурмагомедов

Мераб Двалишвили нема намера да се смири со браќата...

ФИФА сака да ги задржи „паузите за хидратација“ на СП 2030

Светската фудбалска федерација (ФИФА) во документацијата за продажба на...

Лазаров ги отвори картите за Мундијалот: 35 ракометари во трка за германската авантура

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го...