Дортмунд нема да го продолжи спонзорскиот договор со производител на оружје

Раководителите на Борусија Дортмунд објавија дека нема да го продолжат спонзорскиот договор со германската компанија Рајнметал, најголемиот производител на оружје во земјата, што предизвика незадоволство кај некои навивачи уште од неговото потпишување

Прегледи:

Датум:

Раководителите на Борусија Дортмунд објавија дека нема да го продолжат спонзорскиот договор со германската компанија Рајнметал, најголемиот производител на оружје во земјата, што предизвика незадоволство кај некои навивачи уште од неговото потпишување.

Соработката започна во 2024 година, а официјалниот договор истекува на 30 јуни 2027 година.

Претседателот на клубот, Карстен Крамер, изјави дека одлуката ја донел Управниот одбор.

„Свесни сме дека нашето партнерство е контроверзно од самиот почеток“, рече Крамер.

Според германските медиуми, договорот вреди до девет милиони евра годишно.

Крамер нагласи дека прекинувањето на соработката ќе влијае на финансиските можности на клубот.

Спонзорството предизвика незадоволство кај навивачите на Дортмунд, од кои некои отидоа дотаму што се откажаа од својата поддршка за клубот.

Рајнметал беше еден од најголемите производители на оружје во Германија за време на двете светски војни.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...